ЕНЕС БЕГОВСКИ ГО ОДРЖА ПРВИОТ СОЛО КОНЦЕРТ СО ХЕНГ ДРАМ ВО МАКЕДОНИЈА

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

Енес Беговски го имаше својот прв соло концерт на Велешкиот џез фестивал, настапувајќи во предворјето на Спомен костурницата. Тој свири на хенг драм, што го прави единствен уметник во Македонија кој настапува на овој инструмент. Тоа е метален плоснат инструмент, со неколку отвори од горниот дел, кој произведува уникатен звук.

Ова беше прво јавно музицирање со инструментот. Сум свирел претходно на театарски претстави. Создаден е во Швајцарија во 2000. Тоа е метална перкусија, која е мелодична. Го имам шест месеци и со него истражувам. Свирам на улица, гледам како луѓето реагираат. Го видов на интернет и 10 години пробав да го набавам. Го купив од Унгарија, од дечки кои со години создаваат хенг драм“, вели Беговски.

Тој десетина години компонира музика за театар, најчесто за претставите кои ги режира сестра му Теа Беговска. Својата авторска музика ја опишува како експериментална.

Сакам да создавам звуци од различни предмети, создадени од различни материјали. Сакам да истражувам музика од други народи и култури, ритмови и мелодии што ги носат тие култури“, додава Беговски.

П. ПЕЧКОВ