ФАНОВИТЕ МИ ГО СКРШИЈА СРЦЕТО – КЕЈТИ ПЕРИ ГОВОРИ ЗА ДЕПРЕСИЈАТА

Сиднеј, (Вог)

Американската пејачка Кејти Пери откри дека била „скршена и повредена“ од реакциите на публиката на нејзиниот последен албум, „Сведок“, од 2017 година.

„Имав моментална депресија. Вложив толку многу, а јавноста не реагираше на начинот на којшто очекував. Тоа навистина ми го скрши срцето“, вели таа во интервјуто за „Вог“.

Ѕвездата додава дека негативната реакција ја сфатила како тест.

„Музиката е мојата прва љубов и мислам дека тоа беше порака од универзумот. ‘Во ред, зборуваш на сите јазици за љубов кон себеси, но ние ќе те ставиме на друг тест, без какво било заштитно ќебенце, па ќе видиме колку се сакаш себеси‘“, рече Пери.

Таа додава дека на почетокот на годината, една недела посетувала програма за градење самодоверба.

„Има многу луѓе кои си ја хранат самодовербата преку признанијата од публиката, супстанци, негирање на проблемите, повлекување или преку бегање од реалноста. И јас го правев тоа долго, долго време“, рече пејачката, по што доби пораки на поддршка од фановите.