ФИЛХАРМОНИЈАТА ЌЕ ГОСТУВА ВО СОЛУН СО „КАРМИНА БУРАНА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 30 јуни од 21 часот, oркестарот на Филхармонијата ќе гостува во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Концертрот ќе се одржи во Концертната сала во Солун.

Диригент ќе биде Михалис Иконому од Грција, а како солисти ќе настапат македонската сопранистка Ана Дурловски, бугарскиот баритон Иво Јорданов и контра тенорот Николас Спанос од Грција.

Ова е втора изведба на ‘Кармина Бурана’, по премиерата во Софија во февруари, која беше проследена со овации од публиката“, велат од Филхармонијата. 

„Кармина Бурана“ е едно од најголемите музичко-сценски дела на 20 век. Премиерно е изведена во 1937 во Германија. Вклучува хор, солисти, богата оркестрација и драматично сценско дејство.

 

Фото: В. Балевска