ФИЛХАРМОНИЈАТА СО КОНЦЕРТ СО УЧЕНИЦИ „МЛАДИТЕ ДОАЃААТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Младите доаѓаат“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијта од 20 часот, под диригентство на Сашо Татарчевски.

Традиционално, со оркестарот на Филхармонијата ќе настапат млади, талентирани музички уметници, ученици од државните музички училишта во земјава, кои се избрани по пат на аудиција.

Ќе бидат изведени дела од Крајслер, Виењавски, Дворжак, Бетовен, Монти, Маскањи, Штраус и од Рахмањинов.