Фестивалот Прилеп фест, на кој се пее македонска народна музика, ќе се одржи на 19 јуни во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Ова е деветто издание на фестивалот, а најавено е учество на познати домашни фолк пејачи, меѓу кои Наум Петерски и Анета Љумаковска.
„Шанса ќе добијат и новите музички надежи, бидејќи овој фестивал е одлична можност за афирмација пред љубителите на фолк музиката“, велат организаторите.