ФРЕД ВЕСЛИ, ТРОМБОНИСТОТ НА ЏЕЈМС БРАУН, ЏОРЏ КЛИНТОН И КАУНТ БЕЈЗИ, ВЕЧЕРВА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
BMW Jazz 2012 SP

Легендарниот американски џез и фанк тромбонист Фред Весли вечерва ќе го има премиерниот настап во Македонија, што ќе се одржи во клубот „Станица 26“ со почеток во 20 часот.

Со кариера долга шест децении, 75-годишниот Весли првично се прослави како тромбонист на Џејмс Браун, а потоа беше дел на легендарниот фанк колектив на Џорџ Клинтон, „Парламент-Фанкаделик“ и на џез оркестарот на Каунт Бејзи. Како главен музичар, Весли има снимено повеќе од 20 албуми, што самостојни, што со други бендови.

Весли во Скопје ќе настапи со своето трио, кое претставува вистински генерациски мост, имајќи предвид дека во него членуваат и 25-годишниот италијански клавијатурист Леонардо Коради и 20 години повозрасниот тапанар Тони Меч.

Концертот е во организација на „3Гонга“ и „Фанки фреш“.