„ГАНС ЕН РОУЗИС“ ПОТВРДИЈА ДЕКА ПРАВАТ НОВ АЛБУМ, ПРВ СО КЛАСИЧНАТА ПОСТАВА ОД 1993

Лос Анџелес, (НМЕ)

„Ганс ен роузис“ подготвуваат нов филм, кој би требало да излезе во „не така далечна иднина“, потврди гитаристот Слеш.

„Јас, Аксл, Даф и Ричард разговаравме за тоа. Имаме материјал и нов албум веќе почна да се прави. Не сме група која работи според некаков план, па засега не знаеме кога точно ќе излезе“, кажа Слеш.

Еден од најголемите хеви бендови од 1980-ите конечно се обедини и ја почна повратничката турнеја во април 2016, која ги вклучи и членовите на класичната постава Аксл Роуз (вокал), Даф Мекејгн (бас гитара) и Слеш, заедно со другиот гитарист Ричард Фортус, Френк Ферер на тапани и долгогодишниот клавијатурист Дизи Рид.

Последниот студиски албум на групата „Кинеска демократија“ излезе во 2008 година, но само со Аксл Роуз од оригиналните членови. Тој, Слеш и Даф за последен пат соработуваа во студио во 1993 година, на компилацискиот албум „Шпагети инцидентот?“.