Грчкиот рок бенд „1000модс“ се враќа во Скопје во мај во рамките на регионалната турнеја „Cheat Death All Over the Balkans“. Концертот, што е во организација на „Пасворд продукција“, ќе се одржи на 2 мај во Младински културен центар, каде што првпат настапи пред неколку години.
Турнејата е промоција на петтиот студиски албум на групата „Cheat Death“, што излезе пред два месеца.
„1000модс“ е еден од најуспешните грчки рок бендови на меѓународната сцена. Групата во својот звук комбинира стонер и психоделичен рок и хеви метал.
Почетната цена на картите ќе биде 700 денари, потоа 800, па илјада.
(Фото: Фејсбук)