ГРЕМИ НАГРАДИТЕ ОДЛОЖЕНИ ЗА ДВА МЕСЕЦА ПОРАДИ ЛОШАТА СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Лос Анџелес, (АП)

Свеченото доделување на музичките награди Греми нема да се одржи месецов во Лос Анџелес, туку ќе се пренесува онлајн во март поради порастот на бројот на новозаболени и починати од ковид-19 во областа. Музичкото шоу, кое вообичаено се одржува на 31 јануари, е поместено на 14 март во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес.

„Влошената состојба со ковид-19 во Лос Анџелес и пренатрупувањето на болниците со пациенти, како и новите насоки од властите и консултациите со здравствени експерти нѐ донесоа до оваа одлука“, изјавија организаторите.

Лос Анџелес е најтешко погодената област во САД од почетокот на епидемијата со 818.000 заразени и над 10.700 починати од ковид-19.