Маја Оџаклиевска ќе настапи во Македонија по подолго време и ќе биде дел од концертот на Хозе Карерас и Macedonian All Stars, што ќе се одржи утре (1 септември) од 20 часот на Плоштад Македонија во Скопје, објави „Авалон“.
На концертот ќе пеат и Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Каролина Гочева, Калиопи, Влатко Стефановски, Ана и Игор Дурловски, во придружба на оркестарот на Филхармонијата. Влезот е бесплатен. Концертот е дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија.
На 2 септември на платото пред „Т Арена“ во Скопје ќе се одржи концертот „Најдоброто од Македонија“, на кој ќе настапат Слаткаристика, „Суперхикс“, „2Бона“, „Фанк шуи“ и Дина Јашари.