Приватната театарска група „Солза и смеа“ вечерва (31 август) ќе настапи во Амфитеатарот во Велес, со што ќе заврши третото издание на манифестацијата Велешко лето. Настапот почнува во 20 часот, а велешката публика ќе има можност да ужива во препознатливиот хумор на театарската група. Влезот е бесплатен.
Во изминатите речиси два месеца, во рамките на Велешко лето се одржаа 40 разновидни настани на повеќе локации низ Велес. Организатор на манифестацијата е Општина Велес.
П. ПЕЧКОВ