ИГОР ЏАМБАЗОВ СО КОНЦЕРТ ВО ПРИЛЕП НА 4 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ ќе одржи концерт во Прилеп на 4 април од 20 часот, во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

„Најдоброто од Игор Џамбазов доаѓа во Прилеп. ‘Гуру Харе бенд’ ќе биде на сцената заедно со Игор за најпознатите хитови да прозвучат во полн сјај. Ќе се изведат и песни од последниот албум ‘Првите триесет’. Ќе се слават блузот и пишаниот збор. ‘Најдоброто од Игор Џамбазов’ е во рамките на ‘С.О.С фестивалот‘, кој во 2026 ќе се одржи во повеќе градови низ Македонија и е поддржан од Министерството за култура“, вели организаторот „Фреш унион“.