Италијанската техно ѕвезда Дебора де Лука ќе настапи на годинашниот Д фестивал, што ќе трае од 28 до 30 јуни. Тоа ќе биде нејзино прво гостување на овој фестивал.
Де Лука потекнува од Неапол и е едно од заштитните имиња на издавачката куќа „Соламенте“. Комбинирајќи звуци на техно и минимал, Де Лука денес настапува по клубови и фестивали низ цел свет.
Д фестивал полека ја оформува својата листа учесници, на која веќе се потврдени Лил Памп, Сама Абдулхади, Фатумата Дијавара, „Нувел ваг“, „Елементал“, „Санаториум“, „Корпорација вагина“, „Црно собрание“ и други.
(Фото: Фејсбук)