ИТАЛИЈАНСКИОТ КАНТАВТОР ВИНИЧО КАПОСЕЛА ЈА ЗАОКРУЖУВА БАЛКАНСКАТА ТУРНЕЈА СО НАСТАП ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Италијанскиот кантавтор Виничо Капосела ќе настапи утре во Музејот на македонската борба во Скопје (20 часот), што ќе биде заокружување на неговата балканска турнеја. Тој ќе изведе репертоар на италијански фолклорни песни во придружба на Виктор Хереро, Андреа Ламачија и Винченцо Вази.

Концертот е во организација на Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот институт за култура од Белград, во соработка со Музејот на македонската борба.

Капосела е кантавтор, трубадур и поет, роден во Хановер во 1965, кој го сними првиот од своите 13 студиски албуми во 1990. Во 2004 го објави и првиот роман насловен „Не се умира секое утро“. Тој е уметнички директор и еден од основачите на Sponz Fest, кој влегува во своето 10. издание.

(Фото: Фејсбук)