ИЗЛЕЗЕ АЛБУМОТ „РАЗГЛЕДИ“ НА КОНДОВСКИ, КАЕВА И ДРОБИЦКИ

Скопје, (Смарт.СДК.МК)

Излезе студискиот албум „Разгледи“, во коавторство на виолинистот Глигор Кондовски, пејачката Марија Каева и тромбонистот Владан Дробицки. Албумот е издание на ПМГ Џез, од каде велат дека „произлезе од една необична виртуелна средба на овие тројца домашни музичари, докажани автори во полето современата џез, рок и поп музика, од која се создаде овој автентичен и извонреден музички запис“.

„’Разгледи’ пред сѐ е место на кое што можеме да подзастанеме и разгледуваме, ослободени од очекувањата за замислени светови и неостварени желби. Сето ова е вткаено во 4 музички композиции ‘Тишина’, ‘Замолчи’, ‘Човек’ и ‘Мила зима’“, велат од ПМГ.

„Разгледи“ како дигитално издание е достапно на профилот на ПМГ Џез.