Македонската претставничка Андреа Коевска со песната „Кругови“ (Circles) не влезе во финалето на годинашниот Избор за песна на Евровизија во Торино, Италија.

Андреа имаше одличен настап синоќа во второто полуфинале, а од 18-те земји во финалето продолжуваат Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.

Од првото полуфинале на 10 мај, во финалето влегоа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Финалето на 66. издание на Евросонг ќе се одржи утре, а преносот на МРТ1 почнува од 21 часот.