ЈАНГ ДАДИ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 12 СЕПТЕМВРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пејачот Јанг Дади на 12 септември ќе го одржи својот прв солистички концерт, во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Трап пејачот во изминатиот период стана доста популарен, а најактуелен е со хитот „Лидија“.

Настанот е во организација на „Авалон“, а за концертот се најавува настап со бенд, засилена продукција и визуелен концепт што ќе ја следи неговата музичка естетика. Ќе има и гости, музичари со кои Јанг Дади соработува од почетоците.

Влезниците се во продажба на avalonbooking.mk и преку продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.