Поп-пејачот Јоце Панов сними две нови песни, една на македонски и една на српски јазик. Македонската песна се вика „Во туѓина“.
Тој најави дека и двете песни ќе ги промовира пред новогодишните празници.
Панов досега има освоено повеќе награди на фестивали во Макеедонија и во регионот. Работи како професор по музичко образование во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.