„КАФЕ ДЕ АНАТОЛИЈА“ ГО ЖИВНА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ СО ГОЛЕМА ЕЛЕКТРО ЖУРКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Издавачката куќа „Кафе де Анатолија“ организираше несекојдневен настан во Кочани, давајќи му нов живот на тамошниот Споменик на слободата.

Во соработка со ‘Алфа ивентс‘ направивме револуција во електронската музика и донесовме неверојатни диџеи во Кочани“, кажаа од „Кафе де Анатолија“, чии сопственици се по потекло од Истибања, Виничко.

На журката која се одржа во специфичен амбиент настапија диџеите Омер Тајар, Квин Џи, Ријалијанс он Ерт, Били Естебан, Никсар и Инвиктоз, кои се дел од етикетата „Кафе де Анатолија“.

Го избравме Споменикот на слободата како локација за нашиот прв поголем настан во Македонија поради неговата историска и културна важност, која му додава посебна атмосфера на настанот“, ни рекоа од „Кафе де Анатолија“ пред журката.

Кафе де Анатолија“ создава органик хаус музика со етно елементи и работи со над 4.000 диџеи и продуценти од целиот свет.