Групата „Кафе де Анатолија“ сними видео од настапот во Сули ан во Скопје. Настапот е микс од повеќе песни и најава за новиот албум на Били Естебан.
„Во соработка со Факултетот за уметности, овој посебен настап ги обединува познатите уметници Маџнон од Турција, Били Естебан од ‘Кафе де Анатолија‘, Александар Јовевски и Емра Кантуровски“, велат од „Кафе де Анатолија“.
Продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ е меѓународно позната. Ја основаа Зоран Илиев, познат како Били Естебан и неговите деца Моника и Никола во 2017, а концептот го имале од 2009. Името Били Естебан е асоцијација на потеклото од виничкото село Истибања.
„Сега работиме со над 4.000 диџеи и продуценти од целиот свет“, вели Моника Илиева.
„Кафе де Анатолија“ создава органик хаус музика со етно елементи.