КАЛИОПИ ВЕЧЕРВА СО КОНЦЕРТ ВО ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР, НЕЈЗИН ПРВ ВО МАКЕДОНИЈА ПО ПЕТ ГОДИНИ

Велес, (СМАРТ СДК.МК)

По пет години, Калиопи се враќа со концерт на македонската музичка сцена. Таа вечерва ќе настапи во Велешки театар и најавува дека ќе изведе песни од разни периоди на нејзината кариера, дел со кој публиката ќе ја врати назад низ времето, дел актуелни хитови.

Придружниот состав е истиот со кој настапува во последните седум години.

Калиопи досега има одржано три солистички концерти во Велес: првиот беше во рамките на турнејата „На пат по Македонија“, па настапи на нејзиниот роденден на 28 декември 2005 во малата сала на Општина Велес и третиот беше на Питијадата во 2015.

П. ПЕЧКОВ

(фото: Немања Новаковиќ)