КАНЈЕ ВЕСТ САКА ДА ГО ПРОМЕНИ ИМЕТО ВО ЈЕ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Раперот Канје Вест поднел барање официјално да го промени своето име, да биде познат едноставно како Је. Тој ги навел своите лични причини во судските документи поднесени во Лос Анџелес.

Покрај тоа што ова е кратенка на неговото сегашно име, 44-годишниот рапер и моден дизајнер претходно има изјавено дека новиот прекар има религиозно значење за него.

„Верувам дека ова е најкористениот збор во Библијата, а во Библијата тоа значи ‘ти’“, рече Вест во 2018.