На 8 јуни, Каролина Гочева ќе настапи на хуманитарен концерт во Мајнц, Германија, а парите од продадените билети ќе се донираат за настрадните во пожарот во дискотекат „Пулс“ во Кочани на 16 март, со 62 жртви и 200 повредени.
Концертот почнува од 16 часот и е во организација од Црковната општина „Св. Никола“ во Мајнц. Средставата ќе бидат донирани преку организацијата „Супорт Кочани“.
Каролина како најголема ѕвезда ќе го затвори концертот, а ќе настапат и КУД „Шара“, од Тетово, КУД „Св.Никола“ од Мајнц, групата „Милениум“, Василија Петрова и Сања Здјелар и децата од фестивалот „Поточиња“.