„КАРТА“, НОВА ПЕСНА НА ПОП-ПЕЈАЧОТ СТЕФАН ВЕЛИЧКОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачот Стефан Величковски објави нова песна со наслов „Карта“.

Величковски вели дека „Карта“ е летна поп-песна со регетон призвук која зборува за разделбата и заминувањето на саканата личност. Текстот го напиша неговата сопруга, ТВ-водителката Ана Николовска-Величковски. Таа заедно со Стефан е и автор на музиката, додека аранжманот е на Иле Спасев.

За песната е снимен и спот, реализиран од „Индастриал медиа“, со која Величковски продолжува да соработува. Во видеото, покрај пејачот, настапуваат и девојките од танчарското студио „КаДенс“, со кореографија на Катерина Стојковска.