Композиторот и еден од најсовремените музичари Кирил Џајковски и српската кантавторка Констракта ќе бидат специјални гости на концертот во чест на Влада Дивљан, на 17 ноември во 20 часот во Филхармонијата во Скопје, соопшти „Пасворд продукција“.
Насловен „Само една љубов имам“, на концертот ќе настапат пријателите на Дивљан од неговата „Невладина организација“, при што ќе ги изведат хитовите од сите фази на неговата кариера. Концертот е дел од фестивалот Таксират.
Оваа година се одбележуваат десет години од смртта на Дивљан, еден од најхаризматичните рок музичари во поранешна Југославија, што беше повод за ваква балканска турнеја.
Дивљан (1958-2015) ја почна музичката кариера кон крајот на 1970-тите, а се прослави како фронтмен на групата „Идоли“, еден од предводниците на југословенскиот нов бран. „Идоли“ снимија два албума пред да се распаднат во 1984, по што Дивљан почна соло кариера, што опфати и филмска музика. Од 1991 главно живееше во странство, прво во Сиднеј, па во Виена, каде што и почина.
Влезниците може да се купат во продажните места на МкТикетс или онлајн.