Од денеска, на билетарницата на Македонската филхармонија се продаваат билетите за концертот по повод Денот на вљубените, насловен „Крвави балади“.

На концертот на 14 февруари, во аранжмани и по диригентство на Џијан Емин, ќе се изведат теми од славните музичари Леонард Коен, Ник Кејв, „Портисхед“, Том Јорк, Бјорк, Ненси Синатра и од Џони Кеш.

Како вокалисти ќе настапат Тања Царовска и Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“.

Билетите се по цена од 800 и 1.000 денари, а билетарницата работи секој ден од 10 до 20 часот, а во саботите од 10 до 14 часот.