ФИНАЛНАТА СЕЗОНА НА „ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА“ ОДЛОЖЕНА ЗА 2019 ПОРАДИ БОЛЕСТА НА ЏУЛИЈА-ЛУИС ДРАЈФУС

Лос Анџелес, (Индипендент)

Џулија-Луис Драјфус планира да се врати во наградуваната серија „Потпретседателка“ во август, кога ќе почне снимањето на последната, седма сезона.

Нејзиниот колега од серијата Мет Волш кажа дека Драјфус го завршила третманот со хемотерапија за рак на дојка и присуствувала на првите проби за седмата сезона, со чија продукција ќе се почне кон крајот на летото. Токму поради болеста на Драјфус, за која јавноста дозна откако таа по шести пат ја освои наградата Еми за улогата на Селина Мејер, премиерата на финалната сезона е поместена за 2019 година.

„‘Потпретседателка‘ е на пауза моментално. Со снимањето ќе почнеме во август, а ќе се емитува во 2019 година. Се видовме со Џулија и добро ѝ оди. Таа заврши со последниот третман и сега се рехабилитира. Прогнозите се одлични“, изјави Волш.

Тој ја пофали Драјфус што излезе во јавност со болеста.

„Јас би криел да имав таква болест, но таа е многу храбра. Таа им помогна на други жени и доби голема поддршка“, додаде Волш.

Од премиерата во 2012 година, „Потпретседателка“ беше номинирана за седум златни глобуси, а освои 17 награди Еми.