Поп-пејачот Влатко Лозаноски-Лозано (фото) ќе настапи вечерва (14 февруари) од 21:30 на градскиот плоштад во Кавадарци по повод денот на лозарите. Лозано ќе одржи концерт со своите најголеми хитови.
Пред него, публиката ќе ја загрева диџеј Були. Забавата ја организира Општина Неготино по повод Свети Трифун, а настан ќе има и во Велес по истиот повод.
Од 21:30 часот во Младинскиот парк во Велес ќе настапи „Чалгија саунд систем“. Претходно од 17 часот ќе свири Оркестарот на традиционални музички инструменти од основното музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес, а на забавата настапуваат и велешкиот пејач Иван Милевски и „Тринити бенд“.
П. ПЕЧКОВ
Фото: К. Попов