КОНЦЕРТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО РАМБО АМАДЕУС, ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И ДАРКО РУНДЕК НА 8 ДЕКЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со тројца познати гости: Влатко Стефановски, Рамбо Амадеус (фото) и Дарко Рундек, на 8 декември од 20 часот во Филхармонијата. Диригент е Џијан Емин, а концертот е насловен „Рокенрол ин џез“.

„На сцената ќе ни се придружат три имиња кои сите ги знаеме и обожаваме: неповторливиот Влатко Стефановски, легендарниот Дарко Рундек и авангардниот Рамбо Амадеус. Ве покануваме на вистинско музичко патување, полно со страст, енергија и креативност“, велат од НЏО.

Во моментов, Националниот џез оркестар е на миниевропска турнеја. Првиот концерт се одржа вчера (12 ноември) во Будимпешта, турнејата ќе продолжи утревечер во Прага и ќе заврши на 17 ноември во Виена. Ќе диригира Владимир Николов.

Билетите за концертот во Скопје се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.

Фото: С. Рајхл