Вечерва од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Високи вибрации“. Како солист ќе настапи рускиот пијанист Дмитри Маслеев, а диригент е Јерухам Шаровски од Израел. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр.3 во Д-мол и Симфонијата бр.4 во Ф-мол од Сергеј Рахмањинов.
Маслеев (1988) е еден од најзначајните солисти од поновата генерација на светската музичка сцена во моментов. Учел пијано на конзерваториумот „Чајковски“ во Москва и на интернационалната академија за пијано на езерото Комо во Италија. Тој е лауреат на меѓународниот натпревар „Чајковски“ во 2015. Редовно настапува во САД и во азиските метрополи со врвни оркестри.
Ова е последниот концерт во Филхармонијата за оваа сезона. На 13 јуни во скопскиот Градски парк ќе се одржи традиционалниот концерт на отворено, овојпат насловен „Фантазија“, со познати песни од долгометражни анимирани филмови на „Дизни“.