КОНЦЕРТ СО ДЕЛА ОД ВЛАСТИМИР НИКОЛОВСКИ И КИРИЛ МАКЕДОНСКИ ВО РАМКИТЕ НА ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА МУЗИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 3 април од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „100 години од раѓањето на Властимир Николовски и Кирил Македонски“, кој е во рамките на фестивалот Денови на македонска музика. Диригент е Борјан Цанев, а како солистка ќе настапи сопранистката Мила Јаневска (фото).
На програмата се Симфонија бр. 4 од Кирил Македонски и суитата „Ин модо антико“ за симфониски оркестар и циклусот дела „По патиштата“ за глас и симфониски оркестар од Николовски.
Ова е 48. издание на Денови на македонска музика.