Дуото „СолиПс“ ќе настапи вечерва во 21 часот во црквата „Св. Софија“ на Охридско лето. Дуото е формирано во 2011,  а го сочинуваат македонско-француската флејтистка Елена Стојческа и францускиот гитарист Роман Петио.

Тие настапуваат на сцени и на фестивали во Франција, Белгија, Чешка, Италија, Русија и Босна и Херцеговина. Од нивните настапи се издвојуваат : „Маскфест“ во Сан Марино, „Форфест“ во Кромериц, Интернационалните фестивал „Сараевска зима“, настапот во Музејот на Скрјабин во Москва, настапот на Неделата на класична музика во Лавоар, во Музејот за уметности во Брисел.

Дуото „СолиПс“ свири главно музика создавана во 20. и 21. век од  композитори како што се: Доина Ротару, Масимилијано Месиери, Тору Такемицу, Венсан Еро, Лоренс Шеер или Едисон Денисов. Но, свират музика и од : Бела Барток, Душан Богдановиќ, Мирослав Тадиќ, Рави Шанкар.