Вечерва (28 јуни) од 20 часот на плочникот во скопскиот Градски ѕид пред Kлубот на новинари ќе се одржи настанот „Центарска симфонија“ со концерт на поп-пејачот Александар Тарабунов (фото).
„Настанот ќе биде спој на филмска музика, класичен звук и модерен израз. Ќе настапат камерен оркестар и бенд. Ќе слушаме безвременски теми од филмови што ја обележале нашата култура во ново, симфониско руво“, велат организаторите, Општина Центар. Влезот е слободен.