КОНЦЕРТОТ НА СТИВ ВАЈ ПРЕФРЛЕН ОД „КАЛЕ“ ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Скопскиот концерт на гитарскиот виртуоз Стив Вај е префрлен од СРЦ „Кале“ во малата сала на „Борис Трајковски“, објави организаторот „Авалон продукција“. Причините за тоа се логистички, а не поради капацитетот.

„Концертот ќе се одржи во ‘Борис Трајковски‘ со ист предвиден капацитет од 2.500 луѓе. Стив Вај доаѓа со комплетно своја опрема, а бидејќи ден претходно имa концерт во Софија, едноставно е невозможно да се монтира опремата во ‘Кале‘“, кажаа од „Авалон“.

Концертот ќе се одржи на 26 април и е во рамките на европската турнеја на која Вај го промовира својот последен албум „Inviolate“.

Вај важи за еден од најспектакуларните рок и хеви метал гитаристи. Кариерата ја почнал во групата на Френк Запа, а потоа сними девет соло албуми и освои три Греми награди.

Г. КОНЕВ