КОТОН БЛУЗ ФЕСТИВАЛ ГОДИНАВА ВО ДВА ДЕЛА, ПРВАТА ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА ЛОКАЛНАТА СЦЕНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Котон блуз фестивал уште еднаш покажа колку е популарен блузот во Македонија. Веќе во своја трета година, фестивалот овојпат понуди поинаков формат, без да загуби на привлечност.

Третото издание на фестивалот ќе има два дела, од кои првиот се одржа синоќа во полната „Маракана“ и беше посветен на домашната блуз сцена.

Фестивалот го отвори триото „Њу блу”, во состав Давид Нешкоски (вокал и гитара), Ѓоле Максимовски (бас) и Дино Милосављевиќ (тапани), а потоа настапи веќе афирмирано скопско блуз име „Вајлд банч”, во кој членуваат Илина Лазаревска (вокал), Нино Недевски (гитара), Горан Попоски (тапани), Петар Лукиќ (клавијатури) и Сашо Димовски (бас).

Котон блуз фестивал 3 ќе има продолжение.