Пионерите на хип хопот во Македонија „Чиста околина“ се враќаат на сцената со неколку изданија под етикетата на „Филтер лејбл“.

Дваесет и пет години од излегувањето на неговиот култен деби албум „Новиот аспект на старата школа“, „Чиста околина“ ќе објави нов материјал и прилично обемната колекција песни ќе биде распоредена на три нови албуми.

Првиот, насловен „Avantgarde Fatiguée”, ќе излезе во мај и ќе биде најавен со два сингла. На дигиталните музички сервиси денеска излезе „Си играме со рапот“, со која пред пет години беше одбележано дведецениското постоење на групата. Таа сега доби нов микс и мастер, направен од Оливер Димитров, кој е и продуцент на целиот албум. На песната гостуваат Гоце Стевковски (тапани), Ѓоле Максимовски (бас гитара), Сеад Хаџиќ-Сецко (гитара), Елена Васова (вокал) и Диџеј Славе (скречови).

Г. КОНЕВ