Групата „Љубојна“ ќе одржи концерт на 29 март во Филхармонијата, со кој ќе прослави 25 години кариера, објави продукцијата „Пасворд“.
„Еден од водечките музички брендови на Македонија својата музика ја свири страсно, со енергија на рок бенд и тоа во сите нејзини форми: изворна, класична, популарна и експериментална. Ја соопштува преку фантастичната вокална експресија на Вера Милошевска, која заедно со контрабасистот, композитор и продуцент Оливер Јосифовски веќе 25 години се симбол и синоним за ‘Љубојна‘“, велат организаторите.
Билетите се продаваат преку мрежата на МК тикетс.