„Признај“ е првата песна на младата поп-пејачка Луна Бејков која излезе во продукција на регионалното шоу „ИДЈ“. Луна Бејков е учесничка во белградското шоу во новата сезона, и досега имаше повеќе успешни настапи.
Во жирито е и македонскиот продуцент Дарко Димитров, а досега за нејзините настапи жирито коментираше дека се уникатни.
Осумнаесетгодишната Луна Бејков веќе две години е дел од актерската екипа на популарната тинејџерска ТВ серија „Тин Камп“, и пее дел од песните од серијата. Со „Тин Камп“ имаше повеќе настапи во Македонија. Беше и дел од актерската екипа на долгометражниот филм „17“ во режија на Косара Митиќ.
ЛУНА БЕЈКОВ ОД ТИНЕЈЏЕРСКАТА СЕРИЈА „ТИН КАМП“ ЈА СНИМИ ПРВАТА ПЕСНА „ПРИЗНАЈ“
Скопје, (СМАРТ СДК.МК)