Поп пејачката Мајли Сајрус ќе настапи на Супербоул, финалето на сезоната во американски фудбал (НФЛ), пред публика која ќе се состои од здравствените работници кои се вакцинирале против ковид-19, објави таа. Настанот, како и финалето, ќе се одржи на стадионот „Рејмонд Џејмс“ во Тампа, Флорида, на 7 февруари.

Организаторот соопшти дека на Супербоул ќе биде дозволен влез за само 22.000 луѓе, вклучувајќи медицински лица кои работат со ковид пациенти, кои ќе добијат бесплатни билети.

„Едвај чекам да настапам за почесните гости на НФЛ“, напиша Сајрус на Твитер.

Настапот ќе се пренесува на ТикТок и Си-Би-Ес. Годинашната ѕвезда на полувремето на Супербоул е Викнд.