Тафталиџе шафл“ (Taftalidze Shuffle) е насловен новиот албум на Влатко Стефановски, што излегува утре во издание на најголемата дискографска куќа во регионот, „Кроација рекордс“.

Албумот што минатата недела беше најавен со синглот „Огледало“ гитарскиот виртуоз го сними како трио, во кое членуваат и неговиот син Јан на тапани и басистот Иван Кукиќ, постава која настапи како предгрупа на Стинг на ланскиот концерт во Скопје. Импресивната листа гости ја сочинуваат Дамир Имери, Кирил Џајковски, Матија Дедиќ, Васил Хаџиманов, Теодосиј Спасов, Никола Ристановски…

На албумот свираат и Јан Стефановски и Иван Кукиќ

Како и останатите соло албуми, Стефановски и овој го посвети на Скопје, поточно на неговото маало Тафталиџе. Тој е создаван во периодот јануари-октомври годинава и содржи девет песни.

Место да гледам телевизија и паѓам во депресија, се одлучив да правам музика и многу сум задоволен со резултатот“, вели Стефановски, кој на новиот албум се враќа на звукот од 1970-ите.