Откако во изминатите три години го претстави својот проект „Македонисимо“ низ цел свет, пијанистот Симон Трпчески ќе одржи концерт и во Скопје. Тој ќе се случи на 24 ноември во Големата сала на Филхармонијата, во рамките на 43. издание на Денови на македонска музика.

Албумот „Македонисимо“, на кој на еден уникатен начин е обработена македонската народна музика од страна на композиторот Панде Шахов, излезе во август под етикетата на британската издавачка куќа „Лин рекордс“.

Освен Трпчески, во снимањето на албумот учествуваа и Александар Краповски (виолина), Бугаринот Александар Сомов (виолончело), Хидан Мамудов (кларинет, саксофон и кавал) и Влатко Нушев (удиралки), екипа со која тој настапуваше низ светот и која е најавена и за скопскиот концерт.