„МЕТАЛИКА“ Е ПРВИОТ ГОЛЕМ МЕТАЛ БЕНД КОЈ ЌЕ НАСТАПИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА

Њујорк, (АП)

Металика“ првпат во својата историја ќе настапи во Саудиска Арабија, како една од главните ѕвезди на фестивалот Саундсторм во Ријад во декември. Меѓу учесниците се и поп ѕвездите Фарел Вилијамс, Тиесто, Дејвид Гета, Крис Браун и „Блек ајд пис“, но настапот на „Металика“ е особено значаен зашто тоа ќе биде првиот метал концерт на странски бенд во оваа земја.

Минатата година, на овој фестивал присуствувале 600.000 луѓе.

Сѐ уште не сме завршиле со 2023 зашто ни се отвори неверојатна можност да свириме на голем фестивал во земја во која што никогаш досега не сме биле. На 14 декември ќе станеме првиот хард рок бенд кој свирел на фестивалот Саундсторм“, објави бендот.

Металика“ првпат гостуваше на Блиски Исток во 2011, кога одржа концерт во Абу Даби.