„Ми требаш ти“ е новата дуетска песна на диџеј Ерик Фокс и младиот поп-рок пејач Влатко Валдера. Диџејот и продуцент од радиото „Антена 5“ вели дека песната е приказна за љубов на далечина.
„Сакавме нешто што ќе изгледа како експлозија на емоции. Музиката е позитивна и жива, а текстот зборува за љубовен копнеж“, додава Валдера.

„Спотот совршено доловува како изгледа еден од моите настапи со мојот бенд“, кажа Влатко Иљачев-Валдера, за кого ова е втор сингл.
Музиката и аранжманот на песната се на Кирил Зарлинов (Ерик Фокс), а текстот го напиша Валдера.