МУЗИЧКО ДЕЛО ШТО ЌЕ ТРАЕ 639 ГОДИНИ СМЕНИ НОТИ ЗА ПРВПАТ ПО СЕДУМ ГОДИНИ

Хаберштат, (Би-Би-Си)

Музичко дело што ќе трае 639 години смени акорд за првпат по пауза од седум години, поради што голем број фанови се собраа во црква во Германија.

Делото „Најбавно што може“ од американскиот авангарден композитор Џон Кејџ почна пред 19 години со пауза што траеше речиси 18 месеци. Промената на нотите се случи на специјално изградените оргули во црквата „Свети Бурхарди“ во германскиот град Халберштат, на кои композицијата се изведува од 2001 година.

Делото составено од осум страници музика се изведува многу бавно на пијано или оргули. За промена, следната промена во нотите ќе дојде многу брзо, на 5 февруари 2022. Делото треба да заврши во 2640 година.

Кејџ, кој почина во 1992 година, го напиша делото во 1980-ите.