НАД 20 УЧЕСНИЦИ НА 12. ФЕСТИВАЛ „ЗЕМЈОТРЕС“ НА СВЕЖА НЕЗАВИСНА ДОМАШНА МУЗИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Повеќе од 20 бендови, музичари и диџеи ќе настапат на 12. издание на фестивалот на свежа независна домашна музика „Земјотрес“, што ќе се одржи на 3 февруари во Младински културен центар во Скопје.

Меѓу најавените учесници се триото на Ади Имери, Андреја Салпе, дуото Добрила и Дориан, „Искра“, „Културно уметнички работници“, Мирко Попов, „Новиот почеток“, „Трендкил“, „Линколн летер“…, со што ќе биде запазена разновидноста на музичките стилови, од електроника преку џез до метал. Програмата ќе трае од 21 до четири часот.

Почетната цена на билетите е 300 денари, по што ќе чинат 400, односно 500 на денот на настанот.

(Фото: Фејсбук)