НАД 500 РЕТКИ ПЛОЧИ ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ЗА ДЕНОТ НА МУЗИЧКИТЕ ПРОДАВНИЦИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Ејми Вајнхаус, Аријана Гранде, „Меднес“ и Бјорк се меѓу музичарите чија ретка и досега неслушната музика ќе биде објавена за Денот на музичките продавници, што оваа година поради пандемијата ќе се одбележува два дена, на 12 јуни и 17 јули. Меѓу повеќе од 500 ексклузивни плочи што ќе излезат се и малку познат акустичен албум на Принс и двојно концертно издание на „Полис“.

Ова следува откако лани во Велика Британија биле продадени повеќе од 4,8 милиони винили, најмногу во изминатите три децении. Ако овој тренд продолжи, дискографските куќи повеќе ќе заработат од плочи отколку од компакт дискови за првпат од 1987 година, кога на врвот на топ листите беа имиња како „Деф Лепард“ и Теренс Трент Д‘Арби.

Денот на музичките продавници беше воспоставен во 2007 година и во меѓувреме стана еден од најголемите настани во музичката индустрија, при што голем број независни музички продавници остваруваат најголеми продажби во годината.