ПЕТТАТА СЕЗОНА НА „КРУНА“ ПОЧНУВА ДА СЕ СНИМА ВО ЈУЛИ СО КОМПЛЕТНО НОВИ АКТЕРИ

Лондон, (Вараети)

Петтата сезона на популарната серија „Круна“ ќе почне да се снима во јули, потврдија продуцентите за „Вараети“.

Оваа сезона ќе се снима со комплетно нова актерска екипа во улогите на членовите на британското кралско семејство: Елизабет Дебицки е принцезата Дијана, Доминик Вест е принцот Чарлс, Имелда Стонтон е кралицата, Џонатан Прајс е принцот Филип, а Лесли Менвил е принцезата Маргарет.

Премиерата на „Круна“ беше во 2016, а првата и втората сезона, со Клер Фој и Мет Смит како славната брачна двојка, ги опфатија периодот на 1940-ите и 1950-ите.

Третата сезона со Оливија Колман и Тобајас Мензис излезе во 2019, а лани и четвртата. Серијата ќе заврши со шестата сезона, односно во периодот до раните 2000-ти.