НЕКОЛКУ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ РЕКОА ДЕКА ЌЕ СЕ ОТКАЖАТ ОД ЕВРОВИЗИЈА АКО УЧЕСТВУВА ИЗРАЕЛ

Ирска, (Би-Би-Си)

Ирската радиодифузна мрежа РТЕ објави дека Ирска нема да настапи на Евровизија во 2026 ако учествува Израел. Оттаму кажаа дека учеството на Ирска „би било несовесно со оглед на ужасната загуба на животи во Газа“. Годинава, Израел го претставуваше пејачката Јувал Рафаел (фото).

Ирска победи на натпреварот седум пати, последно во 1996. РТЕ ќе донесе конечна одлука откако организаторите на Евровизија, Европската радиодифузна унија (EБУ), ќе ја донесе својата одлука. Евровизија ќе се одржи во мај во Виена.

И Словенија, Холандија и Шпанија најавија повлекување ако учествува Израел. Стефан Еириксон од исландскиот национален радиодифузер изјави дека нивното учество на Евровизија зависи од исходот на тековните консултации во ЕБУ во однос на Израел.

„ЕБУ ги разбира загриженоста и длабоко вкоренетите ставови околу тековниот конфликт на Блиски Исток. Сè уште се консултираме со сите членови на ЕБУ за да собереме мислења за тоа како да ги управуваме учеството и геополитичките тензии околу евровизискиот натпревар“, рече Мартин Грин, директорот на Евровизија.

Радиодифузерите имаат рок до средината на декември да потврдат дали сакаат да учествуваат на настанот во Виена. Повеќе од 70 поранешни учесници на Евровизија потпишаа писмо со кое ги повикуваат организаторите да му забранат на Израел да учествува.

(Фото: ЕПА)