Ник Кејв ги изненади фановите објавувајќи дека неговиот нов албум излегува наредната недела.
„Ghosteen“ ќе биде 17. студиско издание на Кејв и „Бед сидс“ и откако долго време немаше никакви нови информации за него, тој во разговор со фановите соопшти дека албумот доаѓа побрзо од очекуваното.
„Очекувајте го албумот наредната недела. Неговото име е ‘Ghosteen‘. Тоа е двоен албум и првиот дел ќе има осум песни“, му одговори Кејв на еден фан.
Тој откри и дека вториот дел се состои од „две долги песни, поврзани со раскажувачки дел“.
„Песните на првиот албум се децата, а песните на вториот се нивни родители. ‘Ghosteen‘ е дух кој мигрира“, појасни Кејв.
„Ghosteen“ доаѓа три години по неговиот последен албум „Skeleton Tree“.