„НОУ ДАУТ“ ЌЕ СЕ ОБЕДИНИ ПО ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗА НАСТАПОТ НА ФЕСТИВАЛОТ КОАЧЕЛА

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Ска/панк/рок бендот „Ноу даут“ е најавен меѓу главните ѕвезди на годинашниот фестивал Коачела, што ќе биде негово своевидно обединување по речиси десет години пауза. Предводен од Гвен Стефани, „Ноу даут“ го имаше последниот настап во 2015 и засега не се најавени други концерти.

„Ноу даут“ е формиран во 1986, но се прослави во 1990-тите откако Гвен Стефани стана главната пејачка. Деби албумот го објави во 1992, а големиот пробив дојде со третиот албум „Tragic Kingdom“ од 1995, најмногу благодарение на хитот „Don’t Speak“.

Стефани во 2004 почна и соло кариера и во меѓувреме објави четири албуми.

(Фото: Гети)